x

Исток: Пехчевци му „украдоа“ два бода на Тиквеш, Брегалница и Беласица со нови победи

Во дербито на 16. коло во Втората лига – Исток, Кит Го – Тиквеш одиграа 1:1, и тоа на задоволство на Брегалница и Беласица. Жестока борба се водеше на теренот во Пехчево, домашните имаа предност со 1:0, со голот на Алексовски во првиот дел, се до финишот на мечот кога Делов израмни за конечни 1:1. Овие два бода веројатно кавадарчани ќе ги чини многу, многу скапо.

Брегалница со 2:0 ја совлада Победа, и тоа со головите на Наумов од пенал и на Стошиќ.

Беласица пак во финишот го „скрши“ жилавиот тим на Питу Гули. Ангов од пенал и Истатов беа стрелците за тие 2:0. Струмичани остануиваат лидери и по ова коло. Во дуелот меѓу Саса и Плачковица домашен триумф и тоа од 3:0 за тимот од Каменица кој без проблем дојде до трите бода.

И во петтиот меч, Кожуф на свој терен со 1:0 успеа да слави над Осогово.

 

РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

САСА – ПЛАЧКОВИЦА 3:0

КОЖУФ – ОСОГОВО 1:0

БЕЛАСИЦА – ПИТУ ГУЛИ 2:0

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 0:2

КИТ ГО – ТИКВЕШ 1:1

 

ТАБЕЛА

  1. Беласица 40, 2. Брегалница 37, 3. Тиквеш 31, 4. Кит Го 31, 5. Кожуф 30, 6. Саса 23, 7. Плачковица 13, 8. Победа 12, 9. Осогово 6, 10. Питу Гули 4.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата