Бугарските и странските туристи во иднина ќе плаќаат исти цени при користењето на туристичките објекти. На барање на Европската комисија се забрануваат двојните цени за домашните и за странските туристи во бугарските одморалишта, соопшти министерот за културата Стефан Данаилов. Казните за непочитувањето на новиот закон, чиј текст помина на седница на Владата, ќе изнесуваат од 500 до 7.500 евра. Бугарија ќе формира и Агенција за туризам, која ќе го следи квалитетот на туристичките услуги. (Макфакс)