Гостиварецот Р.Т. (62) пријавил дека во ходникот на Центарот за социјални работи во Гостивар, каде бил вработен, Д.Ѓ. (19) од с.Леуново почнал да му вика, да му се заканува, по што и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по грбот и телото.

Набргу се вмешале други вработени во Центарот за социјални работи и го спречиле Д.Ѓ. да продолжи со нападот. Тој бил лишен од слобода, а по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: Makfax