Истанбулскиот “Фор Сизнс” – најдобар во Европа
Американското списание “Травел енд леџер” го прогласи хотелот со пет ѕвездички “Фор Сизнс” во Истанбул за најдобар во Европа. Хотелот, кој порано бил турски затвор, се наоѓа во центарот на Истанбул во близина на главните туристички атракции – Света Софија, Сината џамија и дворецот Топкапи. На второ место во Европа е лондонскиот хотел “Маилстоун”, а на трето италијанскиот “Релас ил Фалкониере”. Во светски рамки на првото место на топ-листата е хотелот “Удаивилас” во Индија, пред “Сингита” во Јужна Африка и “Ориентал” во Бангкок. Истанбулскиот “Фор сизнс” е на четврто место на оваа листа.