Хрватска го забележа првиот случај на коронавирус на 25 февруари. Станува збор за „нултиот пациент“ Вибор Видиќ, еден од браќата близнаци од „Ериксон“, кои се вратија од Италија како заразени.

Тој го опиша своето искуство со оваа инфекција за „Дневник“ и какви симптоми имал.

– Психички беше доста тешко, првата недела не знаев кого ќе го загрозам, не знаев кого ќе заразам. Физички беше како грипот, температурата, мирис и вкус немав една недела, општа слабост, вели тој

Видиќ бил во болница недели, а потоа и дома уште две недели, а дури по истекот на самоизолацијата, тој започнал да се гледа со својот најблизок круг пријатели.

Нултиот пациент Вибор вели дека најтешката работа за него била во првата недела.

Кој се ќе се зарази заради мене, дали некој ќе зарази болни членови на семејството, деца. Мислам, ја заразив својата девојка, но таа беше со мене, па којзнае, можеби таа мене, вели Вибор.

Тој откри и зошто не сакал своето искуство да го изнесе јавно претходно.

– Не сакав да се изложувам или да доживеам осуда од некои луѓе кои не се запознаени со ситуацијата. Па, сега стана наше секојдневие и не сакав да слушам осуда дека отидов во Италија во најлошото време, кога веќе имаше илјадници и илјадници заразени, што воопшто не е точно. И јас едноставно немав потреба да се изложувам, рече тој.