Индиската компанија “Испад”, дел од вториот по големина светски конзорциум во црната металургија ЛНМ, ја “пикира” Железницата. Според неофицијални извори, доминантниот сопственик на”Полуконти” и “Ладна валавница”, или поранешниот “Балкан стил” сериозно размислувал да ги земе Македонски железници на долгогодишна концесија, односно 30 до 50 години. Според извори од бизнис-круговите, Индијците сериозно се етаблираат во бизнисот со железо и челик во Југоисточна Европа, посебно на балканските простори и им е потребна сигурна логистика во транспортот и шпедицијата на своите челични производи до прекуморските пазари во Европа и Америка. Тие ве- ќе го купија Рудникот за железна руда во Босна и Херцеговина “Љубојно” како и Зеничката железара, ја поседуваат и железарницата “Сидекс” во Романија, како и значаен дел од Скопската железарница и нивните инвестиции се во подем, особено со сегашните трендови на пазарите на челичната индустрија. Според истите извори, сопствениците на “Испад” размислуваат прво да ја купат “Топилницата” во Скопска железара која повеќе години е во стечај (доминантно во државна сопственост), а дополнително со Владата да преговараат за земање под концесија на Македонски железници. За таа цел се чека прво да пројде во Собрание законот за трансформација на железницата. Според него, таа ќе се дели на два дела – државен, каде ќе биде инфраструктурата, и приватен, односно патничкиот и товарниот транспорт. Наводно, овој инвеститор претендирал на тоа да го земе под концесија товарниот транспорт, на кој би бил ексклузивен оператор и со тоа целосно ќе го реши проблемот на транспортот на своите производи до Солунското пристаниште, до речните пристаништа на север од каде што носат полуфабрикати, но и до другите дестинации на поранешните југословенски простори. Кон ваквите бизнис шпекулации со голема резерва гледаат другите бизнисмени од овој сектор кои стравуваат дека може да се влезе во нов монопол и дека државата ќе мора да држи еквидистанца со сите учесници во овој профитабилен бизнис. Она што е можно, велат тие, е “ИСПАД” евентуално да претендира на две-три траси или, пак, државата да обезбеди некоја обврзувач- ка клаузула за евентуална достапност на сите производители и извозници до железнич киот транспорт. Она што е најсуштински момент, велат бизнисмените е државата да се заштити од нов монопол од евентуално идниот концесионер и оператор со железничката инфраструктура, пред с&”238; во диктирањето на цените на овој вид транспорт. Меѓу дел од бизнимените, сепак, постојат резерви околу шпекулациите за можно концесионерство на “ИСПАД” во железничкиот транспорт, со објаснување дека тоа не е нивен стил на работа и дека е многу поверојатна инвестицијата во Топилница, отколку влез во бизнис со железнички сообраќај.