x

Испадна со еден, сега презема друг испаднат клуб од Ла Лига

vicente-moreno

Висенте Морено кој беше тренер на екипата на Мајорка во последните три години, ќе биде нов тренер на екипата на Еспањол. Според весникот „Марка“, Морено ќе потпише тригодишен договор со каталонскиот тим, кој исто како и  Мајорка оваа сезона во Ла Лига не успеа да избори опстанок.

Приоритетна цел пред него ќе биде експресно враќање на каталонскиот тим во Примера. Се чини дека договорот со тренерот на Мајорка се веќе завршени. Во следните неколку часа ќе биде објавено неговото заминување од Мајорка, по што Еспањол ќе го престави како свој нов тренер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата