Станува збор за старт ап компанија за исламското банкарство NoorAšur која, освен агенцијата во регионот на Париз, има намера да отвори уште двасетина ширум Франција, пренесува весникот Фигаро.

Овој тип на банкарство кој го почитува исламскиот шеријатски закон, ги забранува шпекулативните инвестирања и каматите. Забрането е инвестирање кое се смета за штетно за општеството (во цигари, алкохол, оружје, порнографија, коцкање).

При купувањето на недвижнини се влегува во партнерство со купувачот. Тој и банката заедно го купуваат станот, а купувачот потоа во месечни рати и го отплаќа на банката станот и го зголемува својот удел во сопственоста.

Ратата се состои од фиксен износ за откуп на сопственоста, а другиот дел е наемнина за преостанатиот дел од сопственоста.

Агенцијата NoorAšur е основана во 2012 година и до сега нудеше услуги само преку интернет.

Вредноста на досегашните штедни влогови на агенцијата изнесува седум милиони евра.

NoorAšur нуди алтернатива за конвенционалното финансирање. Исламското финансирање не е резервирано само за муслиманите туку за сите кои сакаат да инвестираат, штедат или да се осигураат, се наведува во соопштението.

„Исламското банкарство е одговорно, нешпекулативно и етичко финансирање, кое не разликува боја на кожата, ниту религии”, се додава во соопштението.