Руските власти ископаа ров околу оддалеченото сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители беа заразени со корнавирусот, за што локалните власти веруваат дека се шири низ традиционалниот шамански обред.

Селото Шулута, кое се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од езерото Бајкал, има 37 потврдени случаи на коронавирус  од вкупно 390 жители, пренесува Ројтерс.

Деведесет и пет лица се верува дека биле во контакт со заразените и тие мора да бидат ставени во карантин, изјави директорот на локалната администрација, Иван Алхеев. Тој рече дека инфекцијата започнала откако десетици селани учествувале на шаманскиот ритуал на 10 јуни, што го извршила заразена жена.

Рововите околу Шулута беа ископани на 29-ти јуни како мерка за да се спречат туристите да возат низ селото кон блискиот Национален парк Тунка, како и да се ограничи движењето на локалните жители, од кои некои беа скептични во врска со наредбата да се изолираат.