Екстремно високите температури повторно би можеле да го погодат северниот дел на Калифорнија, каде што веќе една седмица беснеа неколку шумски пожари. Илјадници пожарникари се борат со огнената стихија на која и нема крај, а метеоролозите објавија дека температурите околу градот Рединг може да надминат и 35 степени целзиусови.

Пожарот кој избувна во северниот дел на Калифорнија досега уништи повеќе од 1 000 куќи во Рединг и неговата околина. Над 50 000 луѓе се евакуирани подалеку од стихијата. Околу десетина луѓе се водат за исчезнати, а досега во шумскиот пожар животот го загубија шест лица, меѓу загинатите има и две деца, како и двајца пожарникари.

извор: Makfax