Јирген Шток, генерален секретар на Интерпол, во Сараево изјавил дека поради враќањето на џихадистите по нивниот пораз во Ирак и Сирија се менува и меѓународната безбедноста ситуација, што бара од сите подобро да соработуваат и да разменуваат податоц. Тој на прес конференцијата, по состанокот со Драган Мектиќ, министер за безбедност на БиХ, и со директорите на полициските агенции во БиХ, изјавил дека заканите од меѓународен тероризам, организиран и сајбер криминал се поголеми од претходно на меѓународно ниво

„Многу се комплекси и ниту една земја не е во ситуација сама да се избори со овие закани. Единиците за спроведување на законите, полициските агенции, поради терористичките закани и напади кои се случуваат во овие делови на светот, навистина се во ситуација да треба да користат воспоставени мрежи на полициски агенции. И од таа перспектива сакам да ја пофалам БиХ и на централната улога која полициските сили од оваа земја ја имаа во заедничките операции, посебно кога станува збор за нелегална трговија со оружје”, рекол Шток

Тој истакнува дека сите гранични премини се приклучени на системот на Интерпол, што овозможува пристап до сите бази на податоци.

Мектиќ рекол дека со Шток разговарал за проширување на соработката помеѓу БиХ и Интерпол и за потребата БиХ да упати свој офицер во седиштето на оваа организација.