На атлетскиот митинг во Брисел се случија три важни работи: паднаа два светски рекорди, но “падна” и олимпискиот шампион на 400 метри со пречки, Доминиканецот Феликс Санчез, кој го доживеа својот прв пораз во последните 4 години. Тој, на половината од трката мораше да се откаже поради повреда, а тоа го искористи Бајани од Бахамитез и помина прв низ целта. За Русинката Елена Исинбаева веќе знае целиот свет, бидејќи таа се прослави летово, пред почетокот на Олимпијатада кога на четири пати ги урива- ше своите светски рекорди во скок со стап. Откако тоа во голем стил го стори и во Атина, при тоа освојувајќи го златото, на сличен начин ја возбуди и бриселската публика. Исинбаева прескокна 4,92 метри и за еден сантиметар го подобри светскиот рекорд постигнат на ОИ-2004. Интересна е сторијата за новиот светски рекордер на 3.000 метри стиплчез, Саиф Саед Шаен, кому, поради преминувањето од кениската во катарската репрезентација, му бе- ше забранет настапот за Катар на Олимписките игри во Атина. Овој 21- годишен атлетич ар, кој емигрираше во Катар од економски причини, ја претрча патеката за седум минути, 53 секунди и 63 стотинки, што е за речиси две секунди побрзо од стариот рекорд на Мароканецот Браим Булами, поставен на истиот митинг 2001 година. За новиот рекордер, кој го смени и името, (порано беше познат како Стивен Чероно) треба да се истакне дека тој не е победен ве- ќе две години, а титулата светски првак ја освои во Париз, минатата година.