– Од 2011 година кога беше донесен законот за легализација, општина Кочани прими 5.988 барања за утврдување на правниот статус на бесправен обејкт. До денес од овие барања решени се 3.238, а одбиени се 42 барања поради некомплетирање на документите, истакна Димитровски во општината.

Тој потенцираше дека во последните три месеци се примени уште 581 барање за легализација на диво изградени објекти. Во процес на издавање се уште 33 предмети и за утврдување правен статус на бесправно изграден обејкт кои се очекува да бидат решени во наредните 10 дена.

Доне Донев кој беше законски застапник на лицето Никола Христов кој живее во Австралија, искажа благодарност до општината и Владата за решавањето на статусот на неговата семејна куќа која со последното авионско снимање била запишана како сопственост на Република Македонија.

Со ваквиот начин на легализација семејната куќа на Христов повторно е вратена во негова сопственост.