Вчера во општина Битола беше ставен камен-темелник на нова инвестиција на Златен Рид – поранешната касарна. Станува збор за инвестиција Михајлов апартментс” на Ѓорѓи Михајловски, иселеник во Австралија, кој ќе гради 46 станови, од кои 16 веќе се продадени.
Инвестицијата е во вредност од 2 милиони евра. Одобрението за градба кое го издаде општина Битола на инвеститорот од Австралија е првото електронско одобрение издадено во општината.