Најмалку 60 лица, повеќето бебиња помали од една година, починале претходните денови во источниот дел на Сирија, по евакуацијата од последните области под контрола на екстремистите на Исламска држава, соопшти Меѓународниот комитет за спасување на бегалците (ИРЦ).

Главни причини за смртта се исцрпеност и неухранетост, наведе ИРЦ и додаде дека починале најмалку 62 лица, меѓу кои две-третини се бебиња.

Повеќе од 30.000 луѓе кои ги напуштиле последните области под контрола на Исламска држава стигнале изминативе недели во кампот ал-Хол, со што бројот на бегалци сместени во него бил зголемен на 42.000 лица.

Курдските сили, кои имаат поддршка од САД, продолжуваат да водат борба против екстремистите на Исламска држава.

извор: Makfax