Несреќата во нуклеарниот комплекс Натанз во Иран предизвикала значителна штета и може да го забави производството на центрифуги што се користат за збогатување ураниум, изјави портпаролот на Организацијата за атомската енергија во земјата, пренесува ИРНА.

Инцидентот се случил во четвртокот во магацин во изградба во комплексот Натанз, во централниот дел на Иран, но не предизвикало жртви или радиоактивно загадување. Официјалните претставници за безбедност го нарекоа инцидентот несреќа и рекоа дека ја утврдиле причината, без да дадат дополнителни објаснувања.

„Немаше жртви, но штетата е значајна на финансиско ниво. На среден рок, оваа несреќа може да го забави развојот и производството на напредните центрифуги. Натанц е една од главните постројки за збогатување ураниум во Иран. Со Божја волја и со постојан напор ќе го компензираме ова забавување, така што изградената локација ќе има уште поголем капацитет од порано “, рече портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди, во интервјуто објавено во неделата од државната новинска агенција ИРНА.

Организацијата претходно објави наводна фотографија од локацијата, на која се гледа еднокатна зграда со оштетен покрив, sидови очигледно зацрнети од пожар и врати што висат од шарките како да се разнесени однатре. Државната телевизија подоцна ја покажа зградата од различен агол со мало оштетување на нејзините ѕидови.

Техеран најави во мај минатата година дека постепено ќе се повлекува од одредени обврски според нуклеарниот договор во 2015 година со големите сили, што САД еднострано го напуштија во 2018 година.

Иран го врати збогатувањето на ураниум во Натанц минатиот септември и покрај тоа што се согласи, според договорот, да ги стави во мирување таквите активности. Техеран отсекогаш негираше дека неговата нуклеарна програма има каква било воена димензија.

извор: Makfax