x

Иран менува селектор, стариот уште не дебитирал!?

Очигледно дека периодов ќе се изнагледаме комични ситуации во кои тренери или селектори се ангажирани, а потоа сменети од функцијата уште пред да дебитираат.

Ваков случај можно е да имаме со селекторското место на репрезентацијата на Иран каде што од фебруари наваму се наоѓа Хрватот Драган Сточиќ. Тој требаше да дебитира токму месециве но азиските квалификации како и се останато е откажано, па сеуште чека на прв меч.

Сепак, можно е истиот и да не го дочека на клушата на Иран, затоа што Италијанските медиуми јауваат дека екс тренерот на Интер односно Удинезе, Андреа Страмачони е фаворит за оваа позитиција. Италијанецот седеше на клупата на Естегал, еден од најпопуларните клубови од овој дел од светот, па очигледно дека конекцијата е сеуште „жешка“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата