Иран денеска објави дека во земјата од коронавирус починале уште 127 лица, со што бројот на починати порасна на 1.812.
        
Министерството за здравство извести дека за 24 часа се регистрирани 1.411 нови случаи, така што во Иран се заразени 23.049 лица. Болеста ги зафати сите делови на Иран, но најмногу во северниот и централниот дел на земјата.
        
Властите го повикаа населението да остане дома сè додека „не се победи вирусот“. До 3 април, Иранците ја слават Иранската Нова година, кога е вообичаено да патуваат низ целата земја на семејни собири.Властите не воведоа забрана за патување, пренесува АФП.

извор: Makfax