ИН7: Жена од Струга починала од КОРОНАВИРУС?
Жена од струшкото село Горно Татеши заразена со коронавирус починала утрово, дознава in7 од извор близок до семејството.
Починатата, исто така, страдала и од други болести, додека Ковид-19 дополнително и го влошил здравјето, по што поради слабиот имунитет не можел да се избори со вирусот.
Во постабилна состојба е нејзиниот сопруг. Двајцата беа на семејна вечера во Дебар, ноќта кога градот беше ставен во карантин. Тие имаат пријателски врски со докторот Илбер Кокале од Дебар кој исто така е позитивен на коронавирусот.
Заедно со парот, и другите членови на семејството биле тестирани, но се покажало дека се негативни.
Извор: Ин7