Во пресрет на државната комеморација во Јасеновац, припадници на Хрватските вооружени сили носелe знаме со усташки поздрав „подготвени за дом“, пренесе хрватскиот портал „Индекс.хр.

Според порталот, првокацијата со знамето ја предизвикале двајца мажи кои, како што се наведува, се претставници на ХОС.

Инаку, знамето, со дозвола на хрватската држава, има усташки поздрав во согласност со неговиот грб.

Индекс.хр. Објави со посебно објаснување, во заграда, дека инцидентот не се случил во самиот Спомен парк, туку во местото Јасеновац.

Хрватското МНР претходно соопшти дека српскиот министер за одбрана, Александар Вулин не е добредојден во Хрватска, на што Вулин возврати дека Србија на оваа провокација, наскоро ќе реагира државнички.

извор: Makfax