Попладнево бил нападнат дежурниот лекар на Токсикологија кој завршил со неколку хематоми и расекотини по телото, објавува Сител.

Причина за нападот, според информациите со кои располага Сител, биле банални – на родителот му било кажано дека детето што го носел на преглед било под 14 години и го упатиле на Педијатрија. По таквиот одговор дошло до напад на лекарот, кој морал да побара помош во Ургентен.

Оттаму, пак, информираат дека на лекарот му направиле КТ на глава и констатирале површен хематом кај окото, еден кај подлактицата и расекотини. По прегледот колегата го пуштиле дома.