Доцна синоќа, нешто по 22 часот во ресторан лоциран на плоштад Македонија се случил инцидент.

Како што инфомираа од полицијата 27-годишен скопјанец со иницијали С.Н. пријавил дека во угостителски објект на плоштад Македонија, каде тој е вработен како келнер, бил физички нападнат од страна на едно лице.

Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax