Ризиците за пречекорување на целното ниво на инфлација претставуваат фактори како што се потенцијално влошување на состојбите на пазарот на нафта, како и долгорочните или високо инфлациските очекувања, се наведува по состанокот на Одборот на директори.

На инфлацијата влијае и динамиката на цените на храната, промени во царинските стапки, платите и пензиите, како и неизвесноста во однос на постигнување на балансиран буџет на среден рок, наведува руската централна банка.

Постигнување четирипроцентна инфлација на среден рок е примарна задача на централната банка во рамките на политиката за целна инфлација.

Ниската и предвидлива инфлација на долг временски период се смета за клучен критериум на макроекономската стабилност, наведува руската новинска агенција.