Фадил Цана инфектолог од Инфективна клиника зборуваше за пандемијата поврзана со корона вирусот каде посочи дека се добива впечаток дека не се прават доволно тестови и поради тоа се зголемува бројот на заразени од корона вирус во Република Македонија.

Ние во секојдневната работа се соочуваме со прием на пациенти од местата кои се жариште како делови од Скопје, Тетово и би рекол дека треба да се прават што поголем број на тестирања. Некако се добива впчаток дека не се вршат баш на тие места доволно тетсирања и заради тоа имаме  постепено зголемување на бројот на новозаразени, додаде тој.