x

Инфантино со нови идеи за „нормализација“ на фудбалот

Врвот на светскиот фудбал во кој секако спаѓа и Џани Инфантино, деновиве сериозни и макотрпно размислува како и на кој начин ќе се продолжи да се фунлционира откако корона „лудилото“ ќе спласне и светот ќе се нормализира.

Иако токму Инфантино и неговите колеги од извршниот одбор на ФИФА пред извесно време гласаа на Мундијалот во 2026 година да настапат 48 репрезентации поделени во 16 групи по три селекции, сега ситуацијата и размислувањата се сосема спротивни.

Поради коронавирисот ќе се предложи, турнирите, натпреварувањата и воопшто шампионатите да земат што помалку учесници за да се нормализира ситуацијата.

„Мораме да го простудираме глобалното влијание на оваа криза. Сега е тоа тешко да се направи затоа што не знаеме до кога сето ова ќе трае. Сепак, гласно размислуваме на темата. Можеби ќе ја нормализираме ситуацијата ако се вратиме чекор назад. Помали, но поинтересни турнири. Лиги со помалку клубови. Помалку мечеви за да се заштити здравјето на играчите. Но, мора да видиме најпрво колкава ќе биде штетата па потоа да носиме одлуки. Нема да биде лесно, ќе бидат донесени тешки мерки, и сите ќе треба да сносиме дел од жртвата“ – изјави Инфантино за Газета дело Спорт.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата