Чилеанскиот фудбалер на Баерн Минхен, Артуро Видал ќе премине во тимот на Интер, објавија италијанските медиуми.

Гласини цело лето го поврзуваат поранешниот играч на Јувентус со трансфер на „Џузепе Меаца”, а нивниот крај ќе биде ставен утре, кога се очекува халфот да пристигне во Милано, за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор.

Се очекува Видал да игра под наем во Интер во првата година од договорот, по што „нероазурите” ќе бидат обврзани да го купат од Баерн.

Претходно, Интер го објави и привлекувањето на хрватскиот дефанзивец, Симе Врсаљко од составот на Атлетико Мадрид, кој пристигнува по истата шема – изнајмување со опција за откупување