x

Интер се договори со Видал, се чека раскин на договорот со Барселона

vidal

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Интер и Артуро Видал постигнале согласност за потпишување на двегодишен договор, заклучно со јуни 2022 година, со опција за продолжување на уште една година и плата од 6 милиони евра (нето) годишно.

Сепак, тоа е два милиони помалку од она што Чилеанецот сега го заработува во Барса, тим со кој сега преговара за раскин на тековниот договор.

Затоа, пристигнувањето на Чилеанецот во Интер може да се случи во следните неколку дена, кога Барса ќе го раскине неговиот договор и тој ќе стане слободен фудбалер. Така, 33-годишниот фудбалер повторно би се вратил во Италија откако четири сезони играше за Јувентус.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата