x

Интер посилен за ЛШ: Бастони и Наинголан имаа негативни тестови на Ковид-19

bastoni-inter

Алесандро Бастони и Раџа Наинголан имаа негативен тест за Ковид-19 и од денеска почнуваат со работа со останатиот дел од тимот на Интер. Италијанскиот дефанзивец е подготвен да се појави во тимот на Конте за мечот со Борусија Менхенгладбах во среда, додека наинголан се соочува со трка со времето.

Двајцата играчи на Интер беа позитивни на Ковид-19, но сега се опоравија и се подготвени да се вратат на терените. Бастони наводно им се придружил на соиграчите на денешниот тренинг.

Наинголан кој исто така има негативен тест се уште ги нема потребните документи од УЕФА за да се вклучи во списокот на тимот за претстојниот меч од ЛШ. Потребните документи вклучуваат и нов тест што УЕФА го признава како негативен.

Гаљардини е се уште позитивен, додека Ешли Јанг и Јонут Раду утре ќе имаат нови тестови. Во меѓувреме, Милан Шкрињар се уште е во самоизолација во Словачка откако беше позитивен на тестот додека беше со својот национален тим минатата недела.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата