И ждрепката за 1/16 финалната рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, понуди неколку интересни двојки.

Од сите италијански претставници, а ги има пет, најлошо помина Фиорентина која за противник го доби лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

Големиот фаворит за победничкиот пехар, тимот на Рома ќе игра против холандскиот преставник Феенорд, а Наполи за противник го доби турскиот прволигаш Трабзонспор.

Големо внимание ќе привлечат и двата дуела помеѓу екипите на Селтик и Интер.

Двојки за 1/16 финална рунда: Јанг Бојс – Евертон, Торино – Атлетик Б., Севилја – Борусија М., Волфсбург – Спортинг Л., Ајакс – Легија, Алборг – Бриџ, Андрелехт – Динамо М., Днипро – Олимпијакос, Трабзонспор – Наполи, Генгамп – Динамо К., Вилјареал – Салцбург, Рома – Феенорд, ПСВ – Зенит, Ливерпул – Бешикташ, Тотенхем – Фиорентина, Селтик – Интер.

Првите натпревари се играат на 19 февруари, а реванш дуелите се закажани за 26 февруари.