x

Интер киксна против Каљари: Доби шлаканица од свој поранешен играч (видео)

Интер беше на чекор до победа на домашен терен против Каљари, но доби „удар“ во финишот на мечот и место три зема само бод. Во 29 минута на нафрлување на Ешли Јанг аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез со глава го совлада гостинскиот голман.

Каљари стана омилена жртва на Мартинез затоа што Аргентинецот во четвртиот меч против овој клуб го постигнува четвртиот гол.

И покрај големата иницијатива и големиот број на шанси, фудблалерите на Интер не постигнаа уште еден погодок, а потоа беа казнети и немаа време да се вратат. Раџа Најнголан го дочека моментот за одмазда кон поранешниот клуб. Белгиецот шутна по земја од огромна далечина, а Хандановиќ само ја проследи топката како влегува во неговиот гол.

Со овој кикс Интер му овозможи на Јувентус со победа вечерва на „Сан Паоло“ да се одлепи на чело на шест бода.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата