x

Интер и Бреша се договориле: Тонали на „Меаца“ за 35 милиони евра!

tonali

Според информациите од Италија Интер и Бреша се договориле за трансфер на младиот италијански фудбалер Сандро Тонали од Бреша на „Џузепе Меаца“ за позајмица со обврска „нероаѕурите“ да го откупат договорот на играчот во 2021 година за сума од 35 милиони евра.

А 20-годишниот фудбалер ќе стави потпис на договор до јуни 2024 година и би заработувал по 2,5 милиони евра годишно. Се очекува играчот во понеделник да отпатува во Милано и да ги заврши сите формалности и официјално да биде претставен како нов играч на Интер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата