Според најпознатиот италијански новинар за трансфери во Сериа А, Џанлука ди Марсизио, Интер сериозно ја разгледува опцијата во своите редови да го врати најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.
Клубот со кој Пандев дојде до најголемиот клупски успех во својата кариера, шампионската титула во Лигата на шампионите во 2010 година, во Македонецот гледаат квалитетна и искусна алтернатива за Лукаку и Лаутаро.
Пандев игра во одлична форма за Џенова, па од таму „нероаѕурите“ во него гледаат како одлична опција, но и шанса на „Џузепе Меаца“ нашиот репрезентативец да стави крај на кариерата.
#Calciomercato, #Inter su #Pandev: si lavora per il ritorno in nerazzurro dopo 9 annihttps://t.co/XftlKHkZ8N
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 30, 2020