Додека трае битката со коронавирус, социјалните мрежи се исполнети со најразлични објави и пораки. За жал, поради пандемијата вообичаените дружби речиси и непостојат. Во ова тешко, но модерно време спасот е интернетот.
Македонија вчера требаше да го одигра бараж мечот против Косово за место на ЕУРО, но како и сите останати спортски активности, така и овие средби одамна се одложени.
Репрезентативците најдоа начин како ги минат деновите предвидени за заедничка средба. Со чаша вино преку интернет си наздравија, Горан Пандев, Бобан Николов, Стефан Ристовски и спортскиот директор Дени Масев.