Клеопатра – најмистериозната жена на античкиот свет, легендарната освојувачка на срцата, љубовницата на Цезар и Марко Антонио, последната владетелка на Египет – повеќе од две илјади години ги инспирира поетите, сликарите, композиторите и режисерите. Нејзиниот лик бил повеќе пати пресоздаван во сите видови на уметност, а денес ние повторно се свртуваме кон историјата на прекрасната и таинствената Клеопатра.

На балетот создаден специјално за Македонската опера и балет, работи меѓународен тим на автори од пет земји. Станува збор за голема, грандиозна претстава, разнобојно шоу, кое во нешто излегува од рамките на обичниот класичен балет, со кинематографски ефекти, фантастично светло и звук, со користење на нови технологии, спектакл достоен на императорката на која е тој посветен. За „Клеопатра”, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф, Павол Јураш, Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција. Во главните улоги настапуваат првенците, Александра Мијалкова-Клеопатра, Васил Чичијашвили-Цезар и Бобан Ковачевски-Марко Антоние. Претставата почнува во 20 часот.