x

Интересно: Ако Пандев даде гол, тогаш Македонија не губи во Тбилиси!

pandev-povreden

Повеќе од јасно е дека многу нешта, многу работи во нашиот национален тим зависат од капитенот, од нашиот најдобар фудбалер, од иконата на нашиот фудбал Горан Пандев.

Токму затоа очите на сите нас, на сите љубители на фудбалот се вперени во ЕЛ ГРАНДЕ. Од него најмногу очекуваме, од него очекуваме да ја поведе Македонија во пресудната битка во Тбилиси и да ни донесе пласман на ЕВРО.

Иако има дури 37 години, иако е вистински фудбалски ветеран, многу бројки и показатели говорат зошто Пандев е Пандев, зошто е најдобриот.

Еве еден показател.

А тоа е дека кога тој игра за Македонија, и кога ќе даде гол тогаш нашата репрезентација тој меч не го губи. Така е од 2009 година па наваму. Значи Пандев кој има вкупно 35 голови во дресот на нашата репрезентација, сите тие му се клучни. Тој во овие 10-11 години на 15 натпревари за Македонија постигнал гол(ови) и нашата селекција никогаш не загубила. Имаме 13 победи и две ремија.

Значи Горане треси ја Грузија во Тбилиси барем еднаш за пласман на ЕВРО 2020.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата