Нурхан Османолу внуката на султанот Абдулхамид Хан, четврта генерација, и Бихтер Ерѓул – социолог и експерт за парфеми, откри интересни детали за навиките и животот на Отоманската империја.

Османолу веднаш истакнува дека откривањето на овие, досега непознати податоци за парфемите ќе бидат важни за истражувањата што ќе ги спроведат некои идни генерации.

“Не само што откривме кои парфеми и мириси ги користеле нашите предци, туку и некои методи на лечење, кои ги користеле против тогаш познатите болести.

Познато е дека харемските девојки користеле екстракти од јасмин и други цвеќиња. Нивните мириси ги користеле и како антидепресиви. Босилек се користел за лекување на главоболки, а маслото од каранфил за забоболка, рани на устата и лошиот здив.

На пример, во една студија се наведува дека султанот Сулејман законодавецот (Kanuni) им наредувал на војниците да јадат “мувлосано сирење” за нивниот имунолошки систем да зајакне за време на борбите. Познато е дека такво сирење има антисептички својства.

Другиот извор споменува дека Јавуз Султан Селим јаничарите ги принудувал да пијат дождовница собрана од еден базен на комплексот, а со цел да не се разболат за време на битката.

Откриваат и дека на коњот на султанот Абдул Хамид Хан, наречен “Ферхан” пред секоја битка е нанесувано масло од роза, за да стане поенергичен.

На харемските девојки на тилот им е ставан рузмарин за да се спречи вошливост. 

Конечно, многу султани користеле цимет за да ја спречат настинката …