x

Интересна комбинација: Парондо и Дејвис под команда на Пастор (ФОТО)

Интересна комбинација доаѓа од „hballtransfers“во креација на данскиот ракометар Расмус Бојсен. Овој пат за задача имаше да го направи најдобриот тим на Ваљадолид од 2000 година па навака.

Неговиот избор падна на Давид Дејвис на позицијата лево крило и Роберто Гарсија Парондо на десната крилна позиција. Ова се две имиња кои во македонскиот ракомет оставија белег, двајцата беа дел од златната генерација на Вардар во Лигата на шампионите.

Дејвис беше помошник на Раул Гонзалез, додека пак Парондо минатата сезона како предводник на Вардар се искачи на кровот на Европа.

Доста интересна комбинација доаѓа на тренерското место, кое му припадна на Хуан Карлос Пастор, сегашниот стратег на Пик Сегед. Добро се сеќавате на оној момент во Сегедин, кога Пастор му се нафрли на Парондо откако неговиот тим не успеа да се пласира на Ф4 во Келн.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата