x

ИНТЕРВЈУ СО РАЈОЛА: На Јунајтед и Пеле да им го донесев тие ќе го уништеа

Со првиот ден од новата година се отвора и јануарскиот преоден рок, а еден од најпознатите агенти Мино Рајола е зафатен со реализација на трансфери. Тој веќе одработи два, го врати Златан Ибрахимовиќ во Европа поточно во Милан, а големата надеж Ерлинг Халанд место во Јувентус го однесе во Борусија Дортмунд. Рајола зборуваше за трансферите но и за своите играчи.

НЕ МУ ДОЗВОЛИВ НА ЗЛАТАН ДА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Златан се врати за да го забавува светот. Не можев да дозволам неговата последна одисеја да биде во Лос Анџелес. Овие шест месеци ќе бидат како последна турнеја на групата „Queen“. Мора да заврши како што треба, на „Сан Сиро“. А кој кого убеди за овој трансфер? Ние се расправаме за секој трансфер. Понекогаш се чувствувам како јас да му ги бирам тимовите. Сепак, на крајот  јас му кажувам, а тој одбира каде ќе игра“, изјави Рајола.

ЈУВЕНТУС НЕ ЗНАЕ ДА ГИ ЕКСПЛОТИРА СВОИТЕ ТАЛЕНТИ, А НЕ ПАК ДРУГИТЕ

Ерлинг Халанд можеше да оди во Јувентус, тука беше и Манчестер Јунајтед и 10 други клубови, но тој се пресели во Борусија Дортмунд.

Не отиде во Јувентус затоа што не е дефанзивец и не е Де Лихт кој беше капитен на Холандија две години пред да прејде во Торино. Италијанците не знаат како да го експлотираат сопствените таленти, а камо ли другите. Ми се случува италијански скаути да плачат кога гледаат каков талентиран играч имаат, а не можат да направат ништо за да го лансираат во првиот тим. Им велам: „Штом не ги пуштаат да играат, ќе пропаднат’“, раскажува Рајола кој се надева дека Моис Кен конечно ќе се адаптира на англискиот фудбал и на Евертон под водство на Карло Анчелоти.

НА МОИС КЕН МУ ТРЕБА ВРЕМЕ, ЕВЕРТОН НЕ МОЖЕ ДА ЧЕКА

Жал ми е за него. Немаше да го однесам во Премиер лигата ако не знаеше англиски јазик. Ретко кој италијански играч се снашол во странство. Видете колку фудбалери извезле Шпанија и Франција. Италија многу забавува во тој поглед. Од друга страна да останеше во Јувентус, тие ќе го пратеа во клубот од Серија Ц. Евертон не е среќен со него, но мора да му дадат време. Кен ми изгледа како Балотели, голем талент кој прескокнал неколку фази на развој и сега се појавуваат дупки кои мора да ги пополни. А зборувам со луѓето од Евертон и засега тие не сакаат да го продадат или позајмат“, изјави италијанскиот агент кој кажа некој збор и за Пол Погба.

НИКОГО НЕМА ДА ОДНЕСАМ ВО ЈУНАЈТЕД

Таму нема да носам ниту еден фудбалер повеќе. Да им ги донесев Марадона, Пеле и Малдини ќе ги уништеа. На Пол му е потребен клуб како Јувентус“, заврши Рајола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата