На социјалните мрежи се појави смешна порака наменета за крадец кој украл кутија колачи во Нови Сад.

Жителка на Нови Сад, Јована Манојловиќ објави фотографија од пораката што се појавила пред  нејзината зграда, а која очигледно е наменета за несовесен сосед кој претходно украл кутија со колачи, но вистинската неволја е што тие биле полни со – лаксатив за коњите!

– На оној што ја зеде кутијата со колачите, да знае дека се за коњите во коњичкиот клуб. Мали коњи, ждребиња  и се направени со адитиви кои не се за човечка исхрана и можат да бидат отров. Се додаваат лаксативи. Лаксативи за коњи – пишува во пораката.

Особено е нагласено дека крадецот треба веднаш да се јави на лекар ако јадел колачиња од кутијата.

Eto u kakvoj zgradi zivim……

Posted by Jovana Manojlović on Вторник, 10 ноември 2020