x

ИНИЦИЈАТИВА: Во Шпанија клубовите почнаа да бараат прекин на првенствата

Шпанскиот второлигаш Реал Сарагоса побара итно запирање на фудбалските првенства во Шпанија по примерот на Италија. Од клубот велат дека е ненормално да се игра во вакви услови на епидемија со коронавирусот, па тоа биле и натпревари пред празни трибини.

„Реал Сарагоса ја дели длабоката загриженост на властите, здравствените работници и институциите за ширење на вирусот КОВИД-19 и спроведување на основните мерки за спречување на проширувањето на можната зараза. Сепак, Реал Сарагоса не го разгледува предлогот за спорт со затворени врата. Иницијативата не го зема предвид здравјето на играчите, тренерскиот персонал, медиумите и целиот персонал вклучен во организацијата на натпреварите. Протоколот што го предложи Вишиот спортски совет и го достави до Ла Лига не го решава основното прашање за гарантирање на здравјето на учесниците. Поради оваа причина, Реал Сарагоса, бара стопирање на првенствата како во Швајцарија или Италија, секако во период и денови кои ќе се разгледуваат соодветно, со уверување дека календарот нуди доволно датуми за одигрување на одложените дуели“, се вели во клупското соопштение.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата