x

Иниеста: Генерација како нашата тешко ќе се повтори

Поранешниот легендарен играч на Барселона, Андрес Иниеста рече дека генерација како неговата во Барса тешко ќе се повтори, но дека не е се така лошо.

Иниеста играше во генерација со Валдез, Чави, Пујол, Дани Алвеш, и останатите, меѓу кои беа и Меси, Пике, и во девет сезони освои четири трофеи во Лигата на шампионите.

„Таква генерација нема да се повтори, но она што следува не мора нужно да биде лошо во смисла на резултатите.“, рече Иниеста.

Сегашната Барселона веќе пет години чека трофеј во Лигата на шампионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата