x

Иниеста, Виља и Подолски новата година ја почнаа со трофеј (ВИДЕО)

Како што наложува традицијата, првиот трофеј во 2020 година е доделен во Јапонија. Таму утринава се играше финалето на Купот на Императорот.

Висел Кобе предводен од легендите на европскиот фудбал, Андрес Иниеста, Давид Виља и Лукаш Подоски ја совладаа Кашима со 2:0. Натпреварот се одигра во спектакуларна атмосфера на Националниот стадион во Токио, кој беше изграден за годинашните Олимписки игри.

Коби го освои својот прв значаен трофеј во историјата со голови од првото полувреме. Инукаи ја затресе сопствената мрежа во 18-та минута, додека во 38-та минута Фуџимото зголеми на 2-0, поставувајќи го конечниот резултат.

Иниеста ја напушти играта во 88-та минута, додека Подолски беше заменет со Виља. За легендарниот шпански напаѓач, тоа беше последниот натпревар во неговата кариера.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата