x

Инзаги ја одби првата понуда од Лотито за нов договор со Лацио

simone-inzaghi

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги преговара за нов договор со римскиот клуб. Сепак, преговорите не одат лесно. Според „Кориере дело спорт“ тој експресно ја одбил првата понуда од претседателот на тимот, Клаудио Лотито, нарекувајќи ја навредлива.

Договорот на 44-годишниот стратег со клубот истекува на 30 јуни 2021 година. Инзаги ги освои Купот на Италија и Суперкупот со Лацио, а оваа сезона има 21 бод и е на осмото место во поредокот на италијанскиот фудбалски шампионат.

Проблемот со новиот договор е околу платата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата