x

Инзаги: Се навикнав да живеам со проблеми

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги на интересен начин ја искоментира ситуацијата во екипата пред претстојниот дерби меч утре против Милан.

Тој има низа на повредени играчи односно играчи кои се суспендирани а голем дел се клучни за екипата. Тука пред се се мисли на Чиро Имобиле, Лукас Леива, Луис Фелипе….

„Едноставно се навикнав да живеам со проблеми. Сеуште не сум избрал со кого ќе настапам утре. Кој напаѓач ќе добие шанса. Лукас Леива и Данило Каталди ќе кажат утре како се чувствуваат и дали можат да помогнат. Адам Марушиќ дефинитивно е во „аут“ истото се однесува и за Луис Фелипе. Навистина не знам кој ќе настапи“ – изјави Инзаги.

Ако на сето ова се додаде дека Имобиле е суспендиран поради жолти картони тогаш јасно е дека утрешниот меч за Лацио е од клучно значење за сезоната.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата