Европските денови на културнато наследство годинава обединуваат триесет земји околу заедничката тема “Индустриско и техничко наследство”.

Република Македонија се приклучи кон заедничката тема со цел да се подигне свеста за овој вид културно наследство кај пошироката јавност.

“Активностите во рамките на Европските денови на културното наследство ќе се реализираат во периодот од 22 септември до 1 октомври 2015 година.

И покрај фокусот на темата “Индустриско и техничко наследство”, нашето внимание и интерес и понатаму остануваат посветени на наследството во сите негови форми, вклучително и материјалното и нематеријалното, движното и недвижното културно наследство”, велат од Музејот на Македонија.

Годинешната тема ќе фрли нова светлина врз економските врски низ историјата на Европа, согледани низ огромното наследство сочувано во рамките на индустриските објекти и локалитети.