Дваесет и тригодишна жена од Индија, која била жртва на силување, се бори за живот, откако била запалена од група мажи, додека одела кон судот во северна Индија, објави Би-би-си.

Жената одела на сослушување за случајот во кој таа обвинила двајца мажи дека ја силувале, во март во државата Итра Прадеш. Таа сега е во критична состојба во болница, каде се лекува од тешки изгореници.

Петмина мажи, вклучително и двајцата обвинети дека ја силувале, се уапсени под сомнение дека ја запалиле, соопшти полицијата.

Жената се движела кон железничката станица, кога група мажи ја нападнале и ја одвлекле до некое место во близина, каде ја запалиле.

Инцидентот се случил во областа Унао, каде неодамна се појавија вести за друг случај на силување. Полицијата во јули отвори истрага против пратеник од владејачката партија, откако жена, која го обвини за силување, беше сериозно повредена во сообраќајка. Тогаш беа убиени и две нејзини тетки, а нејзиниот адвокат беше повреден.

Последните случувања предизвикаа омраза и гнев во Индија, по случаевите со силување и убиство.

извор: Makfax