Индиските власти подготвуваат евакуација на 300.000 луѓе поради најавите за надоаѓање силен циклон.

Се очекува циклонот да удри в четврток по должината на западниот брег на Индија во државата Гуџарат, со ветришта со брзина од 135 километри на час.

Во соопштението од Метеоролошката органзиација на Индија се наведува и дека циклонот би можел да го одложи напредуваљњето на годишниот монсун во преостанатиот дел на Индија бидејќи ветрот ќе ги растера облаците над морето.

На јужниот брег на Керала монсунот доцни веќе една недела.

извор: Makfax