Индија планира да воведе смртна казна за силувачите на девојчиња помлади од 12 години во рамки на борбата против сè поголемиот број напади врз жени. Оваа иницијатива би можела да се претвори во закон ако добие одобрување од претседателот на парламентот, пренесува агенцијата „Прес траст оф Индија“.

Казната би можела да стапи на сила шест месеци по гласањето во парламентот.

Најавата за остри казни следува по неодамнешното брутално силување и убиство на осумгодишно девојче во државата Џаму и Кашмир како и наводите дека еден од членовите на владејачката партија силувал девојче во државата Утар Прадеш.

Масовните протести и убиства и силувањето на девојки во автобус во Њу Делхи во 2012 година ги принудија властите во Индија двојно да ја зголемат затворската казна за силувачите на 20 години.

 

извор: Makfax