До крајот на годината Индија најавува дека ќе има вакцина против Ковид-19.
„Еден од нашите кандидати за вакцина против Ковид-19 е во третата фаза од клиничките испитувања. Убедени сме дека вакцината ќе биде развиена до крајот на оваа година“, изјави индискиот министер за здравство Харш Вардан.

Тој вели дека во осмиот месец од битката Индија има најдобра стапка на заздравување од околу 75 проценти. Вкупно 2,2 милиони пациенти закрепнале и заминале дома, а наскоро уште 700.000 ќе бидат излекувани.

Индија има 1.500 лаборатории за тестирање на вируси. Земјата денеска ја надмина бројката од три милиони потврдени случаи на коронавирус.

извор: Makfax