Со зголемувањето од 4,5% до 9% се погодени сите индивидуални и групни патувања, како и услугите поврзани со туризмот – превоз, сместување и храна, ајурведските програми, спа процедури. Промената вклучува и водич услуга, влезни билети за музеи итн.

Според странските медиуми дел од индиските хотели не ги зголемија цените, но планираат тоа да го сторат во новата сезона. Куќите за гости и хотелите со 1-2 ѕвезди сепак поскапеле.

Се зголемуваат цените и на екскурзиите и програмите, влезните трошоци за Таџ Махал и другите објекти.